Димовски: Oбразованието мора да претрпи коренити промени
,,Најдобро е одредени измени на што било да ги барате во предизборна година, тогаш сè ќе добиете. Јас мислам дека ќе проработи совеста и разумот кај одговорните во министерството и во Владата на Македонија, дека образованието мора да претрпи коренити промени. Образованието е столбот на ова општество, не е столбот чешмата во Чешиново што ќе ја пуштите со сечење лента. " - вели Владо Димовски, простевен работник и член на Наставничкиот пленум во интервју за Радио Слободна Европа.
Во интервјуто Димовски зборува за проблемите во образованието за кои вели дека се темелат повеќе од десет години.
,,Проблемите во образованието не се нови и тлеат повеќе од десетина години, но минатата година нас повозрасните наставници и професори нè разбудија прво студентите, а подоцна и средношколците па наставниците. Нè разбудија за да го искажеме своето незадоволство од лошите реформи во образованието". - вели Димовски
Тој смета дека неопходно е да се измени законот за образование, бидејќи како што вели, сегашниот закон е од времето на социјалистичкото општество и не е во чекор со времето.
