Иднината е во производство на врвни вина
Македонската винска индустрија може долгорочно да се развива само ако има винарници кои произведуваат врвни вина чија автентичност и квалитет ќе бидат препознаени во светски рамки, вели Игор Илиевски, генерален-директор на винарската визба „Тиквеш“ во интервју за Утрински весник.
„Најбитно е да се дефинира која е нашата стратегија како држава и како сакаме да се перципира Македонија во светот? Во моментов, Македонија е препознатлива како производител на висококвалитетна суровина и на наливно вино со просечен квалитет, наместо по финален производ со врвен квалитет. Македонската винска индустрија може долгорочно да се развива само ако има винарници кои произведуваат врвни вина чија автентичност и квалитет ќе бидат препознаени во светски рамки.
Овде би сакал да истакнам дека треба како држава да се фокусираме на производство на автентични вина од автентични региони кои понатаму ќе ги промовираме како врвни вина на светскиот пазар. Ако виното не е со соодветен квалитет и не може да се пласира како високо квалитетно вино во шишиња, една од алтернативите е и преработка во вински дестилат, кој со одлежување добива на вредност и може да служи за сузбивање на притисокот врз винарството и лозарството што се јавува секоја година при откупот.
За да го оствариме тоа неопходно е сите целосно да се посветиме на квалитетот како наш императив во сите сегменти на нашето работење. Ова го вклучува и производството на квалитетно грозје„, вели Илиевски.
Целото интервју може да го прочитате во Утрински весник
Фото: Утрински весник
Слично
