Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ : Охрид има последици од претходниот градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ : Охрид има последици од претходниот градоначалник

,,Во изминативе 28 месеци, градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ  работеа  на  надминување на последиците од криминалните и штетни дејствија што во општината ги остави СДСМ и претходниот градоначалник Александар Петрески за што и одговара пред органите на власта. Минативе 28 месеци Власта на ВМРО –ДПМНЕ преку официјални ревизорски извештаи констатира долг од фантастични 50 милиони евра што на општината и Јавните претпријатија им ги остави раководството на СДСМ" - велат од владејачката партија.

Вака реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинението од опозицијата која рече дека во Охрид не е реализирана ниту една капитална инвестиција. Од ВМРО демантираат и велат дека до сега во Охрид се оствариле 129 проекти и 58 биле во тек.

,,Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, донесе нов урбанистички план за локацијата за која што е предвидена градба на автобуска станица, ги прибави сите согласности од надлежните институции, спроведе транспарентна постапка согласно законот и обезбеди инвеститор на работите кој во наредните 2 до 4 години треба комплетно да ја изгради автобуската станица" - се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести