Над 240 илјади луѓе до сега загинаа во војната во Сирија
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека до сега, во војната во Сирија загинаа повеќе од 240 луѓе за 4 години.
Меѓу загинатите 12 000 се деца.
Според податоците, само за еден месец бројот на загинати се зголемил за 10 000 повеќе, и во јули месец тој изнесува точно 240 381 лица.
Во судирите загинале 71 781 цивили, најмалку 88 616 припадници на сириските безбедности сили, 42 384 бунтовници и 34 375 странски борци.
Околу 30 000 лица се водат за исчезнати.
Војната во Сирија започна пред 4 години, во март 2011 година со антивладини протести и жестока пресметка на власта со демонстрантите.
Слично
