Економија, финансии, бизнис

Контакт

15-те најдобри места за стартување на бизнис-На листата и Македонија!

15-те најдобри места за стартување на бизнис-На листата и Македонија!

Започнувањето на бизнис потфат никогаш не е лесно и без непотребен стрес. Но има места на кои претприемачите можат да одат, каде ќе спијат мирно.

Извештај на Светската банка ги претставува најдобрите држави соодветни за вашата бизнис идеја. Меѓу критериумите се прописите, пристап до електрична енергија, регистрирање на имот, како и добивање на кредит.

Истражувањето е извршено преку анализа на активностите на 130 илјади фирми во 139 држави:

15. Шведска - државата во која најлесно може да се префрли имот.

14. Естонија - местото за создавање на продавница брзо и лесно. За ова ќе ви требаат во просек околу три дена.

13. Косово - може да ви звучи чудно, но присуството на листата се должи на можноста за плаќање на даноци, поднесување и плаќање на ДДВ и придонеси за социјално осигурување преку онлајн систем.

12. Јамајка - две постапки се потребни за отпочнување на бизнис, што ќе потрае околу 10 дена.

11. Јужна Кореја - брз интернет и пристап до висока технологија помага за доброто рангирање на државата во листата на земји каде е лесно да се почне бизнис.

10. Ирска - Лесниот даночен режим е причината за високо место во извештајот на Светската банка.

9. Ерменија - лесен пристап до кредити помагаат во развојот на бизнисот во земјата.

8. Грузија - Владата ја зајакне заштитата на инвеститорите во земјата со медитеранско и азиско влијание.

7. Австралија - едно од најдобрите места во светот за добивање на градежни дозволи.

6. Сингапур - брза онлајн услуга е меѓу најголемите предности во островската град-држава.

5. Азербејџан - олеснето пристапување кон дистрибутивните електрични мрежи.

4. Република Македонија - промени во законодавството доведоа до олеснета процедура за прогласување несолвентност.

3. Хонг Конг, Кина - лансирање на бизнис е поевтино по намалувањето на таксата за регистрација на фирми.

2. Канада - одлично место за започнување на бизнис во рамките на 36 часа по извршувањето на две постапки.

1. Нов Зеланд - добро место за водење бизнис поради даночниот статус во државата.

Слично

Поврзани вести