15 минутен дожд го „парализира” Скопје
Влажните коловози ги блокираа главните улици во Скопје. Краткиот дожд го заглави сообраќајот во центарот на градот и направи метеж.
Прекин поради обилните врнежи има на локалниот пат од село Ропаљце до село Никуштак, Скопско.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Слично
