Економија, финансии, бизнис

Контакт

15 милијарди евра неразменети стари валути се скриени под душеци во еврозоната

15 милијарди евра неразменети стари валути се скриени под душеци во еврозоната

Ако живеете во земја која се откажала од својата национална валута во замена на еврото, можеби ќе посакате да проверите дали не сте заборавиле нешто под душекот или каучот. Повеќе од 15 милијарди евра (16 милијарди долари), застарени банкноти и монети во еврозоната се уште не се разменуваат за еврото, што е еквивалентно приближно на годишните трошоци за увоз на Латвија, пишува Bloomberg.

Околу една третина од вкупната сума задржани стари валути во регионот веќе се бескорисни. Така штедачите изгубиле околу 5 милијарди евра, неразменети пари. Вкупно 12 национални централни банки се откажале од своите обврски за откуп, а крајниот рок за размена на банкноти веќе е истечен во Франција, Италија, Финска и Грција.

За среќа на Германците тие нема потреба да брзаат - Бундесбанк изјави дека за „неограничено време“ ќе разменува “неограничени количини“ германски марки.

Во исто време Централната банка на Португалија престана да разменува монети уште во крајот на истата година во која еврото беше прифатено, што станаа бескорисни околу 48% од неискористените португалски валути.

Крајните рокови за размена на старите валути стана причина за иритација кај некои жители на еврозоната, кои ја пропуштија шансата да ги разменат своите средства. Централната банка на Италија мораше да размени фунти во вредност 2,5 милиони евра минатата година, откако граѓани се пожалија пред Уставниот суд на земјата, дека централната банка неочекувано го  намалила за три месеци рокот за размена во 2011 година.

Слично

Поврзани вести