Економија, финансии, бизнис

Контакт

15 големи инвестиции во Македонија, ќе има работни места

15 големи инвестиции во Македонија, ќе има работни места
Груевски од Мечкин камен информира дека во следниот период во оваа и следната година има најави на 15-ина големи компании за влез и инвестиции во Македонија од различни области, меѓу кои индустријата на автомобилските делови, информатичките технологии, земјоделството, преработката на земјоделските производи и храна, електроника, градежни материјали и други. - Ќе работиме со сите сили овие најави, што веќе се прилично сигурни, да успеат да се реализираат и да се вработат што повеќе луѓе. Ние продолжуваме жестоко да се бориме за секое ново отворено работно место. Новите инвестиции ги решаваат проблемите на луѓето, носат подобра и посигурна иднина, дециден е премиерот Никола Груевски.
Слично

Поврзани вести