15-годишно момче со нож ги нападнал дедо му и сестра му
Малолетник од Гостивар на петнаесетгодишна возраст, со нож го нападнал дедо му и ја тепал две години помладата сестра.
Според СВР Тетово, вчера вечерта неговиот дедо М.М (66) го пријавил случајот в полиција. Тој објаснал дека момчето уште кога влегло во дворот ја нападнал сестра му и почнал да ја удира. Во моментот кога детото се обидел да го одбрани девојчето, неговиот внук го удрил по главата и му ја расекло левата рака.
Полицијата го фатила малолетникот, кој наскоро за проблематичното однесување ќе му следи соодветна пријава.
Од почетокот на годинава, во гостиварско регистрирани се 15 случаи на семејно насилство со потешки последици .
Слично
