Економија, финансии, бизнис

Контакт

130.000 Албанци му одговориле на Рама дали сакаат одвојување од Македонија на патот кон ЕУ

130.000 Албанци му одговориле на Рама дали сакаат одвојување од Македонија на патот кон ЕУ

130.326 граѓани ги дале одговорите на 12-те прашања на албанската влада во Националниот совет, изјави премиерот Еди Рама.

На интернет одговориле 76.117 граѓани, а 54.209 граѓани ги вратиле пополнетите анкетни листови кои пристигнале во нивниот дом по пошта, напиша премиерот во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Рама ги поканува Албанците да станат дел од „ова народно собрание за прашања од стратешко значење за нашата куќа, Албанија“. Секое лице над 18 години има право да избере една од трите алтернативи кои се наоѓаат на формуларот.

Меѓу прашањата едно е поврзано со одвојувањето од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите, вклучително и дали „Отворен Балкан“ е во интерес на Албанија.

Првото прашање во прашалникот е наведено дали треба да има посебна социјална заштита за мајките кои одгледуваат 3 или повеќе малолетни деца. 

Како второ прашање, премиерот избра да праша дали Албанија треба да ја заостри казната на повторливите сторители за сторени тешки кривични дела.

Образецот содржи прашања поврзани со фиктивни исплаќачи на плати и дали оние кои добиле статус на пензионер треба да продолжат да работат.

Едно од прашањата е и преработка и извоз на канабис контролиран од државата за медицински цели, без легализација за лична употреба, обврска за вакцинирање против Ковид-19 во јавниот сектор, зголемување на казните за затајувачите на данок, зголемување на казната за загадување на животна средина, суспензија на судии и обвинители итн.


Слично

Поврзани вести