13 илјади млади кажаа громогласно НЕ за лошите реформи!
Масовна бројка на гимназијалци денес со поддршка на студенти и наставници, на некој чекор и родители кажаа громогласно НЕ за лошите реформи во образованието.
Веќе тринаесет дена средношколците ја бојкотираат наставата и бараат средба со министерот Адеми .
Храбри и сплотени илјадници млади лица маршираа низ скопските улици за подобро образование. Тие од збирното место - градскиот парк се упатија кон Влада каде се „судрија“ со студентите и на крај заедно стигнаа пред МОН .
И денеска министерот Адеми ги игнорираше средношколците.
Со транспаренти во рацете „Не си го реформирај образованието министре“, „Полесно се добива стипендија во странство отколку одговор од МОН“ , „Стоп за лошите реформи“, „Експерименти се прават во лабораторија а не врз ученици“ тие уште еднаш порачаа дека нема да се откажат лесно од ова борба која ја предводи нивната цел - подобро образование и стоп за лошите реформи.
Средношколците најавија дека ќе го радикализираат своето дејствување, од министерот за образование побараа оставка.
„Во следните неколку денови нашиот бојкот ќе добие нова димензија и од училишните холови ќе се префрли пред Министерството за образование и наука, односно во паркот на новинари. Ние тука ќе бидеме присутни 24 часа и ќе покажеме дека сме спремни во секој момент да дојдеме на средба“, рекоа средношколците.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/23/video-galerija-masoven-srednoshkolsko-studentski-marsh/" target="blank" ](ВИДЕО -ГАЛЕРИЈА) Масовен средношколско-студентски марш[/button]
Денеска голем број средношколци протестираа и во Битола и Охрид.
Според една груба пресметка направена од среднишколците во денешниот солидарен марш 13.000 Пленумци кажаа громогласно НЕ за лошите реформи!
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tD1eSbwv-3c[/embed] (Фотографијата е преземена од МКД.МК)
