Економија, финансии, бизнис

Контакт

1290 јавувања забележа „Ало докторе“ неделава

1290 јавувања забележа „Ало докторе“ неделава

Во изминатите седум дена се регистрирани 1.290 јавувања на телефонската линија за медицински совет 02/15123 „Ало докторе“

Само во изминатите седум дена се регистрирани 1.290 јавувања а од средината на септември, од кога е во функција линијата, досега имало 26.740 повици за медицински совет, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

На „Ало докторе“ 20 доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во информативниот центар „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи. Денеска од 18 до 22 часот на линијата за јавувања ќе биде дежурен д-р Мендух Јегени од Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, а утре д-р Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух говор и глас. Задутре во информативниот центар ќе дежура д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата. В четврток ќе дежура Идриз Неџипи од Психијатриска болница „Скопје“, а в петок д-р Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара-Скопје. В сабота на 02/15123 од 18 часот до 22 часот ќе биде достапен проф. д-р Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дерматовенерологија, а в недела д-р Славчо Стојменски од Клиниката за трауматологија.

Слично

Поврзани вести