120 илјади евра за ревизија и одржување на вагоните на Железницатa
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ќе и плати 120 илјади евра на компанијата Етернита од Ниш за ревизија и одржување на вагоните на македонската железница. Договорот со српската компанија е склучен за времетраење од една година, а пресудно за добивање на тендерот било најниската понудена цена.
Инаку, последните купени вагони и локомотиви во МЖ се набавени уште во 1978 година, па сега МЖ Транспорт со заем од ЕБОР од 50 милиони евра ќе го обновува возниот парк, односно ќе купува 150 товарни вагони, 4 дизел- моторни троделни патнички гарнитури, 2 електро- моторни троделни патнички гарнитури а ќе врши и реконструкција на 6 електро локомотиви со цел да се намалат трошоците за одржување на возниот парк.
Слично
