Економија, финансии, бизнис

Контакт

12 починати од коронавирусот во соседна Албанија

12 починати од коронавирусот во соседна Албанија

Министерство за здравство на Албанија информира дека во земјата има 12 жртви од новиот корона вирус. Последната почината доцна синоќа е 82-годишна жена од Тирана.

-Паценката Л.М. пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее.Таа боледуваше и од бронхијална астма, хипетензија и ревматисмална болест, се наведува во соопштението на албанското Министерството за здраство.

Според последните податоци, во Албанија до сега има 223 заразени со Ковид-19, од нив 12 починати, а 44 излекувани. 70 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои седум се на интензивна нега, а неколку се ставени на апарати за дишење.


Слично

Поврзани вести