Економија, финансии, бизнис

Контакт

12% невработеност во Црна Гора

12% невработеност во Црна Гора
Во Бирото за труд во Црна Гора моментно се пријавени 28.343 граѓани, а стапката на невработеност во државата изнесува 12,22 отсто, соопшти црногорскиот Завод за вработување. Најголемата стапка на невработеност во Црна Гора 32,7 %  беше забележана во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 отсто во август 2009 година. Во Црна Гора на крајот на септември била блокирана секоја петта сметка на компаните, а долгот по тој основ е околу 389,5 милиони евра, соопшти Централната банка на Црна Гора. Како што се наведува во соопштението, од 51.400 правни и физички лица кои вршат дејност во Црна Гора, блокирани биле сметките на речиси 12 0000.
Слично

Поврзани вести