Бошкоски доби уште 12 години затвор!
Уште 12 години затвор доби поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, за случајот „Ровер“, бидејќи судот пресуди дека тој го го помогнал убиството на Марјан Тушевски со заштита на сторителите.
Покрај Бошковски, доживотен затвор добија и четворицата Срби, директни извршители на делото, а на 10 години е осуден телохранителот на Бошкоски, Зоран Трајковски. За другите обвинети досудени се затворски казни од по 6 и 8 години.
Роднините на осудените, по читањето на пресудата, бурно реагираа во судницата. Бурна беше реакцијата и на Бошкоски, кој судијата Илија Трпков го нарече „платеник на режимот“.
Според пресудата која ја прочита судијата Трпков, од доказите, меѓу кои и исказот на заштитениот сведок, се утврдило дека во 2001 година е убиен Марјан Тушевски од страна на платени убијци од Србија ангажирани од неговиот конкурент во бизнисот Орце Коруновски, кој инаку беше убиен 5 години подоцна во Софија.
„Коруновски добил ветување од тогашниот министер Љубе Бошкоски дека полицијата нема да го гони за убиството на Тушевски“ - се наведува во пресудата.
Ова е втора затворска казна за Бошкоски кој во 2011 година, ден по парламентарните избори, беше уапсен во акцијата „Кампања“. Екс-министерот беше осуден на 7 години затворска казна под сомнение дека „изборната кампања ја финансирал од сомнителни извори на пари“.
Оваа казна Апелација му ја намали на 5 години.
Слично
