Економија, финансии, бизнис

Контакт

„11 Октомври – Еурокомпозит” АД Прилеп доби дозвола за четврта емисија на акции

„11 Октомври – Еурокомпозит” АД Прилеп доби дозвола за четврта емисија на акции

 "11 Октомври-Еурокомпозит" АД Прилеп на денешната седница на Комисијата за хартии од вредност доби дозвола за издавање на четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со четвртата емисија на акции се врши зголемување на основната главнина на Друштвото за производство на производи со посебна намена "11 Октомври-Еурокомпозит" АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на Република Македонија како институционален инвеститор а станува збор за  128.702 обични акции во вредност од 40.553.457,00 денари.

Со денешната седница на КХВ претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска која дозволи и обнова на  пет дозволи за работење со хартии од вредност.

Слично

Поврзани вести