Економија, финансии, бизнис

Контакт

1.1% ОД РАБОТНИЦИТЕ НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА: Колку изнесува бруто и нето плата за јуни?

1.1% ОД РАБОТНИЦИТЕ НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА: Колку изнесува бруто и нето плата за јуни?

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2017 изнесува 33 509 денари, a месечна исплатена нето-плата во јуни била 22 808 денари.

Во јуни 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (16.6%), Стручни, научни и технички дејности (8.3%) и  Рударство и вадење на камен (7.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (6.6%), Градежништво (3.8%) и Трговија на големо и  трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.7%).

За споредба, во мај нето-плата по вработен изнесуваше 22 889 денари, а бруто беше 33 640 денари.

Слично

Поврзани вести