Економија, финансии, бизнис

Контакт

1,1 милион домаќинства може да останат без струја во Јапонија

1,1 милион домаќинства може да останат без струја во Јапонија

Во случај на студена зима во 2022-2023 година, недостигот на електрична енергија во Јапонија може да достигне еквивалент на 1,1 домаќинство, објави весникот Никеи, кој најавува „криза“ споредлива со онаа по земјотресот во 2011 година. 
апонската влада е загрижена дека следната зима може да биде најлоша за земјата - по несреќата во нуклеарната централа Фукушима во 2012 година. Во таа насока, во текот на неделата владата за првпат во последните 5 години ќе се состане на посебна седница посветена на обезбедувањето електрична енергија.
Информацијата денеска ја потврди генералниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно. Проблеми со струјата во метрополите се очекуваат летово, а во зима ќе зафатат различни региони од државата. Оваа грејна сезона може да биде најтешка за земјава од 2012 година. Владата може да бара од енергетските компании да ги рестартираат старите термоелектрани кои се затворени поради дотраеност, како и рестартирање на нуклеарните централи.
Дополнително, енергетските компании ќе бидат обврзани да го предупредат населението и бизнисите за новите потешкотии во снабдувањето со електрична енергија. Причините се зголемувањето на цените на течниот природен гас и зголемената загриженост за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија.


Слично

Поврзани вести