11 милијарди за Западен Балкан! Колку за Македонија?
Европската комисија (ЕК) ги објави деталите околу поддршката за реформите во Западен Балкан и Турција во следните 7 години, соопштуваат од прес-центарот на институцијата.
Финансирањето, договорено од Европската унија (ЕУ) минатата година, изнесува 11 милијарди евра и ќе биде достапно во новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА II).
Еврокомисијата претставува денес примерно распределба на средствата помеѓу страните и ги дефинира приоритетите на политиките кои ќе бидат финансирани. Надлежните органи на засегнатите земји учествувале при одредување на клучните области кои ќе имаат најголема корист од помошта.
Финансирањето е потврдено од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ, како и организациите на граѓанското општество, кои одржале консултации со меѓународни организации и финансиски институции, дополнуваат од Еврокомисијата.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе коментира дека оваа нова помош ќе придонесе за помагање на земјите со европска перспектива за спроведување на реформите, кои директно ќе се одразат на граѓаните.
Финансиската помош ќе биде насочена кон стратешките приоритети за земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ, како и зајакнување на регионалната и територијална соработка и инвестиции.
Клучните области вклучуваат реформа на јавната администрација, спроведување на владеењето на правото и почитување на основните права, како и поддршка на економскиот раст и конкурентноста.
Финансиската помош во овие области ќе биде насочена кон поддршка на националните реформи во секторите и ќе се насочени кон конкретни резултати. Новиот инструмент се планира да работи со поедноставени правила за да се олесни пристапот до финансирање за корисниците и да им се овозможи да се ориентираат кон резултати според нивните потреби.
Најмногу пари од ИПА II се предвидува да добие Турција - над 4,4 милијарди евра до 2020 година, а најмалку - Црна Гора (270,5 милиони евра). Македонија ќе добие 664,2 милиони евра, Косово - 645,5 милиони евра, Албанија - 649,5 милиони евра и Србија - над 1,5 милијарди евра. Речиси 3 милијарди евра се предвидени за активности кои вклучуваат неколку земји.
Финансиската помош предвидена за Босна и Херцеговина, ќе биде прогласена подоцна во текот на годината, додаваат од ЕК. Доцнењето се должи на недостатокот на координативни структури во земјата.
К.К:
Слично
