11 мигранти напикани во автомобил починаа возејќи во спротивна насока во Грција
Грчката полиција соопшти дека извлекла 11 мртви тела на емигранти кои со своето возило се судриле со камион возејќи во спротивна насока на пат да се пријават за азил во Солун. Тие неодамна преминале од Турција, откако автомобилот со кој патувале се удрил во северна Грција.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила во 5 часот изутрина во близина на градот Кавала.
Сите што биле во автомобилот се починати. Возачот на камионот бил лекуван од повреди во болница во северна Грција.
Грчките власти забележуваат зголемување на бројот на лица кои илегално ја преминаа грчко-турската граница во последниве неколку месеци.
Многумина се транспортираат во Солун, каде што одат во полициските станици за да бидат регистрирани и да аплицираат за азил.
