10 илјади потписи за пониска струја и парно
Граѓанската иницијатива „Аман“,денеска доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10 илјади потписи за измени во Законот за енергетика. Во рок од 20 дена треба да се отвораат локални канцеларии на Државната изборна комисија во 34 општини, каде што граѓаните во наредните три месеци ќе можат да се потпишат за поддршка на иницијативата за промена на некои членови од Законот. Предлог-закон со кој се бара изменување и дополнување на Законот за енергетика е изготвен од „Аман“ и доколку собере 10 илјади потписи, измените ќе може да влезат во собраниска процедура. Со измените на законот се предвидува граѓаните кои не ги користат услугите за парно да не им плаќаат на давателите на услуги и враќање на дневната евтина тарифа.
Слично
