Економија, финансии, бизнис

Контакт

10 факти за парите што секој мора да ги знае

10 факти за парите што секој мора да ги знае

За добро да управувате со вашите финансии треба да знаете некои работи за парите. Еве 10 важни факти што секој треба да ги знае за парите.

Треба да се заработи повеќе отколку што се троши

Тоа звучи логично, но малкумина го следат овој принцип, кој е главен во буџетирањето. Се разбира, краткорочни кредити за финансирање на одредени работи не се исклучени, но треба да се добро промислени, за да не ве стават во “должничка спирала”, од која тешко ќе излезете. Избегнувајте да користите бесцелно достапни кредитни можности (како кредитни картички на пример).

Штедењето од рани години ќе ви помогне да заштедите повеќе

Факторот време е критичен кај штедењето. Колку порано започнете со штедење, со толку помалку време ќе ви треба да ги постигнете целите и желбите за стандардот на живот, кога ќе се пензионирате. Главниот проблем е дека на младите не им се жртвува тековната потрошувачка за обезбедување на финансиски средства за во староста, а кога се приближатдо пензионирање, веќе е невозможно да штедат во такви димензии. На пазарот постојат многу разновидни и различни начини и шеми за штедење во зависност од толерантноста на секој кон ризикот.

Повисок поврат обично се поврзува со повисок ризик

Иако преземањето на повисок ризик само по себе не гарантира враќање, сепак повисоката толеранција кон ризикот е неопходна за постигнување на добри резултати. Поголемата изложеност кон акции на берзите сама по себе претставува преземањето на повеќе ризик. На долг рок, сепак, историјата покажува дека така се постигнува висок принос.

Диверзификацијата е ваш пријател

Најверојатно многу пати сте го слушнале предупредувањето да не ги ставате сите јајца во една кошница и сигурно сте се искушиле барем еднаш да го направите тоа. Најверојатно сте стигнале до вистинитоста на оваа теза на потешкиот пат.

Проверката е највисок облик на доверба

Во времињата во кои живееме, вашата кредитна картичка најверојатно е предмет на континуирани напади од страна на бескрупулозните лица. За да се заштитите, често проверувајте си го салдото.Често издавачите на кредитни картички, исто така можат да направат грешка, за која, ако не сигнализирате ќе бидат оштетени вашите средства.

Осигурајте се против непредвидени несреќи

За жал, луѓето ја потценуваат важноста на осигурувањето, особено оние кои имаат семејство кое зависи од нивните приходи. Осигурувањето на доходот на родител може да е критичен за обезбедување на нормален животен стандард на целото семејство.

Автоматизирајте го штедењето

Распределбата на средства секој месец е тежок потфат. За да не се искушувате да ја прескокнете месечна рата за штедење, автоматизирајте го овој процес. Така нема да ви остава впечаток и во исто време ќе бидете сигурни дека сте распределиле “бели пари за црни денови”.

Не паѓајте во графата лоши должници

Внимавајте на вашата кредитна историја, таа мора да биде чиста, бидејќи во спротивно ризикувате да не добиете идно кредитирање. Плаќајте си ги долговите редовно бидејќи ако стигнете во графата “лоши обврзници”, ризикувате исто така сериозни финансиски казни.

Не престанувајте да учите

Не смеете да прифаќате дека знаете сè за парите или за инвестициите. Дознавајте нови работи постојано и не повторувајте ги веќе направените грешки.

(Извор: Eмагазин)

Слично

Поврзани вести