1-ви Мај под шатори!
Шаторите на средношколците остануваат пред Министерството за образование и наука и за време на празниците. Велат не се откажуваат од своите барања за подобро и поквалитетно образование. Вчерашните цврсти позиции на надлежните дека само оваа генерација на матуранти ќе полага државна матура по стариот концепт без задолжителна математика, не е решавање на проблемот, туку само негово одложување. Во делот на екстерното тестирање, каде и најмногу запнаа преговорите, нема никаква промена ниту најава за отстапка и покрај понудените решенија од страна на средношколците. Тоа, велат дополнително ќе го подгрее незадоволството меѓу учениците и професорите.
“И за празниците остануваме под шатори. Денеска сме уште побројни и поединствени. Нам не ни е до празнување, ниту до скари и веселби.Остануваме тука иако на еден месец пред крајот на учебната година ни се случуваат притисоци и закани дека мора да се вратиме во училиште на редовна настава, дека мора да полагаме и екстерно и државна матура и редовни завршни тестови. А, никој не се прашува дека ние не бегаме од сето тоа, туку од начинот на кој се спроведуваат овие реформи. Никој не ги споменува техничките проблеми, условите во кои учиме, наставните програми по кои учиме, концептот на нелогични прашања, уште понелогични оценки кои влијаат на крајниот успех и понатамошниот упис на факултет. Надлежните брзаат да си ги фатат роковите и набрзина да ги спроведат замислените проекти,а нас кој не прашува?! Но, не е така! Oва покажува дека колку што се тие самоуверени и упорни, имаат двојно поголема упорност од другата страна, бидејќи аргументирано им објаснивме кои се нашите барања и зошто се истите суштински битни за подобар образовен процес” -вели матурант од скопската гимназија “Орце Николов”.
За меѓународниот ден на трудот многумина граѓани веќе го напуштија градот и се по излетничките места на традиционалната скара, но учениците и професорите подготвуваат заедничка настава на отворено. Тие велат се свесни дека ги гази времето за роковите околу државната матура и во секој момент се подготвени да ги положат тестовите. Но не под вакви услови.
“Професорите се професионалци кои ја сакаат својата работа, но исто толку и своите ученици. Секојдневно има предавања за учениците од завршните години кои во никој случај не пропуштаат настава, иако некој сака јавноста да мисли така. Ние сме со своите ученици и ќе им помогнеме да истраат заедно бидејќи моменталната состојба ги спои нивните патишта. Оваа генерација на матуранти се особено зрели и паметни деца кои битката ја водат за сите генерации. Па и за професорите кои немаат храброст јавно да излезат и да бидат со нив од страв да не бидат видени” -вели професорка од гимназијата “Орце Николов” .
Средношколскиот став за истрајност во одлуките добива се помасовна подршка. За в понеделник има најави дека во бојкотот под отворено небо на скопските им се приклучуваат и битолските средношколци. Родителите најзагрижени, но исто толку и упорни во подршка на битката која ја водат нивните деца. Денеска им подготвуваат изненадување, богата семејна софра и музика со два бенда под отворено небо. Заедничка дружба со учениците, наставниците, родителите и сите случајни или намерни минувачи кои ќе се најдат во паркот.
“Јас сум мајка на матурант и искрено секој ден сум овде. Се организираме мајки сабајле и навечер да доаѓаме во групи. Им носиме јадење и седиме со нив. Неможам да ви опишам какво е чувството детето да ви каже дека ноќта ќе ја помине надвор, на ладно, на дождови под шатор, поради тоа што некој несака да го чуе нивниот глас. Отпрвин се противев и се трудев да го преубедам. Сега кога ги гледам како со денови упорно се организираат и се борат во одбрана на своите права за подобро образование, конечно сватив дека грешката е во нас возрасните. Па се прашувам, зарем немаат деца, зарем мирно легнуваат кога знаат дека некои млади деца мрзнат надвор бидејќи размислуваат поинаку и бараат подобра иднина. Срцето ме боли што наместо за подготовки за матура, да се спремаме да купиме се што е потребно ние се тресеме како лисја дома што ни прави дететето и дали е безбедно надвор. Нема поголема од родителската грижа” -раскажува за Фактор мајка на матурант од гимназијата “Раде Јовчески -Корчагин”.
Бојкотот на наставата на скопските средношколци трае веќе 16 работни дена, а според нивните статистики настава не посетуваат околу 20 000 средношколци.
Од друга страна за Владата и МОН ставот е конечен. Оваа година матурскиот испит ќе се полага по стариот концепт, односно да не се полага задолжителна математика и да нема електронско тестирање. За екстерното тестирање ќе нема измени, но ќе се формираат работни групи кои ќе работат на негово усовршување. За надлежните преговорите се завршени, а учениците треба да се вратат во училишните клупи бидејќи веќе изгубиле многу од наставата. Средбата во ресорното министерство вчера се одвиваше зад затворени врати, но под мониторинг на претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада „Меѓаши”.
С.Б.

Слично