1.770.736 граѓани ќе имаат право на глас на изборите во декември
9.392 гласачи помалку од последните парламентарни избори во 2014 година ќе можат да го остварат своето право на глас на изборите во декември кои веќе се во најава.
Со пресекот кој ДИК го направи на крајот на август се забележува дека 1.770.736 граѓани ќе можат да гласаат.
Во 2014 година избирачкиот список броеше 1.780.128 гласачи.
Според изборните единици намалување на бројот на избирачи има во првата и втората изборна единица а речиси 8000 гласачи има во изборните единици кои опфаќаат избирачки места во Скопје, Куманово и околината.
Државната изборна комисија соопшти дека Избирачките списоци ги доставила до сите политички партии на 30 август .
Списокот уште не е официјално затворен. По јавниот увид кој треба да се случи веднаш по распишувањето на изборите, оние кои не се пријавија во времето кога течеше активната регистрација ќе имаат шанса тоа да го направат во вториот рок, а ќе се корегира и бројот на починати лица и на оние кои станале полнолетни.
