Економија, финансии, бизнис

Контакт

1,3 милиони евра од Фондот за иновации за поддршка на компании

1,3 милиони евра од Фондот за иновации за поддршка на компании

Фондот за иновации и технолошки развој вчера објави повик за финансирање проекти  на компаниите, за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф компании.

Буџетот кој е наменет за нив изнесува милион и 300  евра а заинтересираните компании може да аплицираат до 21 следниот месец.

Ќе се доделуваат до 30.000 евра по проект, а вкупниот буџет за тој инструмент изнесува 300.000 евра. До 100.000 евра по проект ќе се доделуваат кофинансирани грантови и условни заеми за комерцијализација на иновации, за кој инструмент на располагање се 600.000 евра. Кофинансирани грантови за трансфер на технологии Фондот за иновации ќе додели до 200.000 евра по проект.  Вкупниот буџет по тој основ изнесува 400.000 евра, информираше вицепремиерот Пешевски.

На овој повик може да аплицираат и позрели претпријатија бидејќи преку инструментот за комерцијализација на иновации се финансираат поголеми проекти во понапредна фаза.

Пешевски вели дека поддршката е насочена кон имплементација на технолошки подобрувања, но и стандардизација и сертификација на претпријатијата со цел поголема конкурентност на претпријатијата надвор од Македонија.

Директорката на Фондот Јасмина Поповска пак вели дека кај проектите ќе е оченува иновативноста, тимот кој ќе го имплементира проектот, квалитетот на  предлог апликацијата и секако влијанието што  ќе го имаат врз околината и бизнисот.

Вицепремиерот го нагласи позитивното влиајние на иновативноста од претпријатија врз брзиот раст на економијата, истакнувајќи дека преку инструментите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој директно се влијае на забрзување на развојот на иновативни проекти и на растот на македонските претпријатија.

Слично

Поврзани вести