„Вистеон електроникс“ си оди од Македонија?
Се делат откази во компанијата „Вистеон електроникс“, некогашен „Џонсон Контролс“, а компанијата го редуцира производството, објави 24 вести.
Дел од медиумите објавија дека се отпуштени две третини од вработените, а се очекува до крајот на годинава компанијата да ги затвори погоните во слободната индустриска зона - Бунарџик.
Американската инвестиција која денес работи под името „Вистеон електоринкс“ лани најави дека до крајот на годинава ќе го затвори бизнисот во Македонија поради вишок капацитети во европското производство.
Од „Вистеон електроникс“ пред неколку месеци изјавија дека во тек се преговори со трета страна за можно купување на погоните во Скопје.
Слично
