„ВГРАДУВАМЕ УШТЕ ЕДЕН ТЕМЕЛ НА ЕКОНОМСКА ДОВЕРБА“: Мицкоски го одбележа почетокот на турската инвестиција во ТИРЗ, на компанијата „Чагатај Кабло“
Турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје постави камен-темелник на својата нова фабрика во која ќе бидат отворени до 200 нови работни места.
Инвестицијата е шест милиони евра, а објектот ќе се протега на потвршина од 10 илјади метри квадратни.
Според премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, оваа нова инвестиција на „Чагатај Кабло“ е потврда дека владините политики се добри и државата се движи во вистински правец.
„Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, туку и за локалната заендица, националната економија и за иднината на секој млад човек кој сака да остане тука. Вградуваме уште еден темелна економска доверба, јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа“ рече Мицкоски.
Тој истакна дека денес се одбележува почетокот на нова инвестиција.
„Но, повеќе од тоа, денес вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа.
