УНИБанка во среда ќе исплаќа камата за перпетуалните обврзници
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9 проценти на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници, соопштија од УНИБанка. Исплатата ќе биде на 22 јули годинава, односно во среда.
Од банката соопштуваат дека право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.07.2020 година односно денот пред исплатата.
„Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јули 2020 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 180 и 181 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 22 и 23 Јули ќе треба да му го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 23 Јули 2020 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата, велат од УНИбанка.
Се за перпетуалните обврзници на банката.
