Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиството на Ивановиќ ги спои полициските сили на Косово и Србија

Убиството на Ивановиќ ги спои полициските сили на Косово и Србија

Со посредство на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово - ЕУЛЕСК,  за прв пат се сретнаа претставници на полициите на Косово и Србија  за да разменат информации за истрагите во врска со убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

Заменик шефот на ЕУЛЕКС, Бернар Тран ја организираше оваа средба и изјави дека целта била да се разменат информации со цел расветлување на убиството на Ивановиќ, кое се случи на почетокот на годинава во северна Митровица. За идниот месец се очекува нова средба.

Слично

Поврзани вести