Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Топлификација“ на суд го доби ТЕ-ТО за 6,22 милиони евра

„Топлификација“ на суд го доби ТЕ-ТО за 6,22 милиони евра

Се очекува пресуда иако не е правосилна стимулативно да влијае врз цената на акцијата на компанијата затоа што позитивно ќе влијае врз билансите на компанијата

„Топлификација“ на суд го доби ТЕ-ТО за 6,22 милиони евра, пишува во првостепената пресуда што ја доби компанијата и ја објави информацијата на Македонската берза за хартии од вредност. Ова секако е добра вест за акционерите на оваа компанија особено заради тоа што овој износ е 23,1 отсто од вредноста на капиталот на друштвото. Оваа пресуда не е правосилна и предвидена е жалба до Аплеацискиот суд во рок од 8 дена. Ова е втора пресуда на Основниот суд во Скопје за овој случај која е во корист на „Толификација“. Исто така веќе еднаш досега по овој случај се произнесе и Апелацискиот суд во Скопје. 

Со оваа пресуда всушност се реализа очекувањето за ваква разрешница на должничко-доверителските односи за што веќе пишуваше „Фактор“. Оваа информација може значајно позитивно да влијае врз цената на акцијата на „Топлификација“ на нашата берза. Доколку „Топлификација“ добие правосилна пресуда и судот го задолжи ТЕ-ТО да ги врати парите тоа значајно, во блиска иднина, ќе ги подобри билансите на скопската компанија која ја издава под закуп својата опрема и постројки за производство на топлинска енергија. 

Како што веќе пишувавме постои веројатност дека овој судски процес, во кој се работи за долг на ТЕ-ТО кон „Топлификација“ направен заради неплатени рати за кредит, има врска со групирањата во акционерската структура во „Топлификација“. Имено Основниот суд 2 во Скопје на 30 августгодинава прво носи привремена мерка за забрана за спроведување одлуки од акционерско собрание во јули, а потоа истиот суд во вонпарнична постапка носи решение со кое дозволува да се закаже собрание признавајќи ги како валидни одлуките од истото собрание за кое важи правосилна привремена мерка. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк http://faktor.mk/zoshto-vo-toplifikacija-smrdi-na-skapano-jajce

Дополнително ги усложнува односите и фактот што најголемиот поединечен акционер во „Топлификација“ странската компанија „Битар холдинг лимитед“ кој поседува над 16 отсто од акциите со право на глас е и малцински акционер во „ТЕ-ТО“ каде што поседува 29,2 отсто од гласачките права. Воедно и „Топлификација“ е акционер во ТЕ-ТО и поседува 20 отсто од управувачките права.


Слично

Поврзани вести