Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светската економија останува во стапицата на нискиот раст

Светската економија останува во стапицата на нискиот раст

Светската економија останува во „замката на нискиот раст", а послабите услови во развиените економии ќе продолжат и во 2017 година, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). 

ОЕЦД прогнозира дека растот на глобалниот бруто домашен производ (БДП) ќе остане без промена на ниво од околу 3% во 2016 година со мало подобрување, прогнозирано во 2017 година. Организацијата очекува глобалниот раст да достигне 2,9% оваа година и 3,2% во 2017 година, поддржан од Кина и Индија.

Прогнозата во голема мера останува без промена во однос на јуни 2016 година, наведува ОЕЦД, и покрај послабите резултати во развиените економии, вклучувајќи го и влијанието од британското гласање за излез од Европската унија. 

Централните банкари во Јапонија, САД, еврозоната и Велика Британија продолжуваат со обидите да дадат поттик на локални економии или, во случајот со САД, барем да ги нормализираат политиката на централната банка, зголемувајки ги каматните стапки.

Јапонската централна банка објави денеска промени во својата политика во нов обид да ја зајакне инфлацијата и економскиот раст. 


Слично

Поврзани вести