Состанок на „Балканската четворка“ во Солун
Во Солун се одржува нов состанок на „Балканската четворка“ - Србија, Грција, Бугарија и Романија, а во фокусот на разговорите ќе биде поврзаноста на земјите во регионот, но и неопходната поддршка која и е потребна на Србија за влез во ЕУ.
Два месеци по првата средба во Букурешт, овие четири земји повторно се на заеднички состанок. Покрај разговорите за иднината на Западниот Балкан, лидерите на земјите ќе дискутираат за инфрастуктурни проекти и формирање на работни групи за реализација на договореното.
Подоцна се очекува лидерите да излезат со официјални изјави за одржаниот состанок.
Слично
