Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се поголем број медицински сестри заминуваат на работа во Германија

Се поголем број медицински сестри заминуваат на работа во Германија

Друштвото на медицински сестри од Албанија изнесе фрапантни бројки за медицинските сестри кои веќе ја напуштиле земјата и оние кои чекаат да заминат на работа во Германија.


Елсон Јачај, претседател на асоцијацијата на медицински сестри во врска со овој проблем истакна: „Само во периодот јануари-јуни годинава во Германија заминаа околу 2.500 медицински сестри.  Исто така, имаме информации дека околу 2.000 други веќе аплицирале и само прашање на денот е кога ќе заминат.Повеќето од нив се професионалци со повеќегодишно искуство а не штотуку дипломирани. Најбараните профили се за медицинска грижа во семејство, геријатриските болници, педијатрија и реанимација“

Како главна причина за заминувањето се истакнува платата, како и условите за работа и непочитувањето на овој кадар во здравството. Според него месечната плата на медицинска сестра во Албанија е 40 илјади леки,или 300 евра, додека на лекарите 65 до 70 илјади леки (едно евро= 126 леки),а во Германија основна плата за сестрите е 1.800 додека од 2.800 до 3.000 евра за лекар.

На овој проблем се надоврза и директорот на Медицинскиот факултет во Тирана, Арбен Ѓата кој се согласува дека причини се платата и условите за работа ,но и можностите за кариера. Тој истакна дека во просек секоја година Албанија ја напуштаат доколу 200 лекари од општа пракса но и специјалисти

Слично

Поврзани вести