Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Република Српска повторно ќе има своја војска, вели Додик

(ВИДЕО) Република Српска повторно ќе има своја војска, вели Додик

Република Српска повторно ќе има своја војска, вели српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик. 

Зборувајќи за одлуките на Уставниот суд на БиХ, кажа дека сè што е штетно по интересите на Република Српска треба да се укине.

„Ние ќе ја повлечеме нашата согласност од договорот за војската. Ќе предложиме и за тоа ќе одлучуваме во следните неколку дена со рушење на законот за војска во рок од неколку месеци да се формира војска на Република Српска. Тоа се е во согласност со уставот. Нема на светот место каде со закон може да се урне Устав, само се обидуваат да нè убедат дека е така“, изјави Додик.

Вели дека во уставот на Босна и Херцеговина пишува дека постои војска на Република Српска. Тој рече дека БиХ е експеримент. 


Слично

Поврзани вести