Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари, објави Државниот завод за статистика. 

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.2.

- Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (23,4 отсто), Градежништво (20,9 проценти) и Информации и комуникации (17,3 отто) - се наведува во соопштението на ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (5,1 процент), Преработувачка индустрија (5 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).

Бројките говорат дека имаме намалување на просечната плата, во споредба со претходниот месец, кога просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 34.364 денари.

Слично

Поврзани вести