Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АВГУСТ 31.871 ДЕНАР, ДЗС извади најнови податоци за движењето на примањата на граѓаните

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АВГУСТ 31.871 ДЕНАР, ДЗС извади најнови податоци за движењето на примањата на граѓаните

Августовската нето плата во Македонија изнесувал 31.871 денар, објави Државниот завод за статистика, од каде посочуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111,3.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 процент) и Уметност, забава и рекреација (15,6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3,8 проценти) и Рударство и вадење на камен (3,1 отсто) - се наведува во соопштението на ДЗС.

Од податоците кои ги објавува државниот статистички центар може да се забележи дека на месечно ниво имаме благ пораст, бидејќи во месец јули просечната плата изнесувал 31.812 денари, додека пак во јуни 2022 година, просечната нето плата била 31.869 денари.

Слично

Поврзани вести