Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРКАТА АЧКОСКА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ ПОСТ, деталите за трагедијата со средношколецот и понатаму енигма

ПРОФЕСОРКАТА АЧКОСКА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ ПОСТ, деталите за трагедијата со средношколецот и понатаму енигма

Професорката Виолета Ачкоска го тргна постот за гимназијалецот кој почина под неразјаснети околности деновиве, во кој меѓу другото сугерираше дека тој најверојатно бил изрогиран во кафуле, но и дека не е единствениот таков случај во градот.

Како што може да се забележи од нејзиниот Фејсбук профил статусот е отстранет. 

Претходно Фактор објави пренесувајќи го постот на професорката Виолета Ачковска за настан кој како што и самата напиша не би требало да се игнорира. 

Таа тврдеше дека гимназијалец бил отруен со дрога во кафуле во земјава. 

Денеска се огласи и Министерството за внатрешни работи, од каде пишуваат дека тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.

- На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, информира МВР.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести