Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради сериозни индиции за тендерски пропусти Владата бара ЕЛЕМ да го поништи тендерот за ископ на јаловина

Поради сериозни индиции за тендерски пропусти Владата бара ЕЛЕМ да го поништи тендерот за ископ на јаловина

Владата му наложи на ЕЛЕМ да го поништи тендерот за механизација од 34 милиони евра поради сомнеж за злоупотреби.

Оваа одлука е донесена на вчерашната седница на Владата .

„Со оглед дека постојат сомневања и за злоупотреби при распишаниот тендер од страна на ЕЛЕМ од 34 милиони евра, за набавка на опрема за ископ на јаловина, Владата одлучи да му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка и за тоа да биде известена“, соопштија од премиерскиот кабинет. 

Оттаму посочуваат дека Владата на Република Македонија го поддржува обезбедувањето сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор. 

Слично

Поврзани вести