НОВА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ - се највува инвестиција од 25 милиони евра, ќе се отворат нови производни капацитети и нови вработувања
Нов договор за финансиска поддршка на компанијата „Кромберг и Шуберт“ во висина од над 25 милиони евра беше потпишан денеска во просториите на компанијата од стрaна на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во индустриската зона „Жабени“ во Битола.
- Причина за денешната посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ е потпишување на нов договор за поддршка на компанијата согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Ова е веќе трет договор кој го потпишуваме „Кромеберг и Шуберт“ што значи дека производствените капацитети, инвестициите и бројот на вработени во оваа компанија во нашата земја продолжува да расте. Денешната дата се поклопува со добар датум, тоа е отварање на оваа фабрика пред десетина години во индустриската зона Жабени, која денес брои над 5.300 вработени. Новата инвестиција за која денес го потпишавме договорот за финансиска поддршка е во вредост 25 милиони и 760 илјади евра. Со неа се планирани 1.230 нови вработувања и предвидува проширување на производството и отворање на нови производни линии со кои ќе се производуваат нови делови за Ауди, за новите модели. За мене е исклучително важна вредноста која компанијата ја носи за развојот на овој регион - потенцираше Битиќи од „Жабени“.
Тој истакна дека во последните години се направени измени на законот за финансиска поддршка со цел поттикнување на развој на сите региони во земјва, а една од измените која ја направиле во законот за инвестиции е зголемување на поддршката за компании кои вложуваат во помалку разивените региони.
- Поддршката за компаниите расте, согласно растот на нивните инвестиции. Само оваа година преку Законот за поддршка на инвестиции, потпишани се нови 277 договори за финансиска поддршка за реализација на инвестициите во следните години. За потсетување со овие инвестиции ќе се напарават инвестициски цикслу од 140 милиони евра, а вкупно од сите компании, 95 отсто од компаниите се домашни. Се поддржуваат над 550 компании со активни договори овој период. Со моето доаѓање на оваа позиција, за прв пат имаме целосна исплата на државната помош за компаниите, со што ја потврдуваме нашата намера за поддршка на стопанството и секој кој ќе инвестира ќе биде поддржан - појасни Битиќи.
