Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем, посочуваат од Светска банка
Продлабочување на соработката со Народната банка преку вклучување на земјата во рамките на проект со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот е најавено на средбата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.
Поддршка НБ доби за заложбата за преземање активности во доменот на зелените финансии, а пофалби има за стратегиските цели кои се предвидени токму за тој домен во следиот тригодишен период.
На средбата бил посочен професионалниот и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка на Народната банка, а гувернерката информирала дека и покрај содветната оценка на поставеноста на монетарната политика, истата се следи внимателно.
„Вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе овозможи соодветни услови за натамошен економски раст, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута“, посочува Ангеловска-Бежоска.
