Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој во Струмица „под фолија“ направи 1,5 милиони евра профит за шест месеци?

Кој во Струмица „под фолија“ направи 1,5 милиони евра профит за шест месеци?

Оранжерии „Хамзали“ на домашниот пазар пласира оранжериски продукти во вредност од 3,77 милиони евра, а извозот го зголемил за 6 пати до износ од 129.000 евра. Компанијата на Васе Митев, кој воедно е газда и на Зомимак, голема струмичка фирма за трговија на големо со овошје и зеленчук, книжи солидна добивка и покажува дека за тој што знае како треба храната е на цена

Храната е на цена! Производителот на раноградинарски производи на струмичката компанија„Оранжерии Хамзали“ на македонскиот пазар пласираше домати, краставици, пиперки и други продукти во вредност од 3,77 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на оваа струмичка компанија за првите шест месеци годинава.

Билансот на успех на ова друштво, во кое доминантен сопственик е бизнисменот Васе Митев, покажува дека продажбата на компанијата во споредба со истиот период лани е зголемена за 4 отсто и изнесува 3,9 милиони евра. Учеството на домашната продажба е повеќе од доминантно, а извозот учествува со 129.000 евра и во споредба со истиот период лани е зголемен за 6 пати.

Вредноста на залихите на крајот на јуни годинава во споредба со истиот период лани е зголемена за 4 пати и изнесува 1,32 милиони евра. Вкупните оперативни расходи на друштвото за првото полугодие достигнаа 3,2 милиони евра и убедливо најголема расходна ставка се останатите расходи на кои отпаѓаат 1,27 милиони евра од сите трошоци. Компанијата нема финансиски приходи ниту финансиски расходи, а нето добивката на половина година е 1,5 милиони евра резултат што во споредба со лани е подобар за 4отсто.

Вкупните обврски на друштвото со состојба на 30 јуни надминуваат 11 милиони евра од кои 3 милиони евра се обврски за краткорочни кредити. Долгорочните кредитни обврски на друштвото изнесуваат 3,29 милиони евра.

Акцијата на оваа компанија е речиси воопшто неликвидна. Последната трансакција е реализирана на 14 февруари 2019 година, а единствената постигната цена е 100 денари за акција. Книговодствената цена на акцијата е 782 денари. Васе Митев поседува 88 отсто од акциите на друштвото.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести