Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ИЗДАДЕ НАД 200 ИЛЈАДИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО: Индустриите и компаниите ги користат можностите за проширување на соработката во светски рамки

КИНА ИЗДАДЕ НАД 200 ИЛЈАДИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО: Индустриите и компаниите ги користат можностите за проширување на соработката во светски рамки

Кинеските власти издадоа 201.700 сертификати за потекло според Договорот за регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) до март 2023 година, соопшти во средата кинескиот трговски совет.

„Сертификатите се однесуваат на извозот во вкупна вредност од 8,41 милијарди американски долари и се очекува да се намалат царините за кинески производи во земјите увозници на RCEP, за дури 126 милиони американски долари“, изјави Ванг Линџи, портпарол на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија.

Тој истакна дека, откако договорот RCEP стапил на сила на 1 јануари 2022 година, Советот ги поддржал локалните власти, индустриите и претпријатијата да ги искористат можностите и да ја прошират трговската и инвестициската соработка со членовите на RCEP.

„Сертификатите за потекло на RCEP беа добредојдени во сè повеќе претпријатија и донесоа опипливи придобивки во обезбедувањето нарачки на глобалниот пазар, за надворешните трговски компании во Кина. Во првиот квартал од оваа година беа издадени вкупно 45.700 RCEP сертификати за потекло, што претставува зголемување за 105,54 отсто на годишно ниво и опфаќа приближно 1,64 милијарди американски долари“, рече Ванг.

Сертификатите за потекло се документи кои се користат во меѓународните трговски трансакции.

Производите опфатени со овие сертификати, ги исполнуваат критериумите за потекло од одредена земја. Издавањето на овие сертификати, се смета за барометар на надворешната трговија.

ФОТО: Unsplash/Anja Bauermann

Слично

Поврзани вести