Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви беа цените на угостителските услуги во октомври?

Какви беа цените на угостителските услуги во октомври?

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври  2016 година, во споредба со септември 2016 година, остана на исто ниво.

Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.

Цените на угостителските услуги во  септември годинава во споредба со претходниот месец не се променети, а во однос на октомври лани е зголемен за 0,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите алкохолни пијалoци за 0,2 отсто, безалкохолни пијалoци за 0,2 отсто и ноќевања за 0,1 отсто.


Слично

Поврзани вести