ИНТЕРВЈУ СТОЈАНОВСКА: Honda е пионер во развој на мотори со хибридна технологија, „Ауто Трејд“ нема да штеди и да го намали квалитетот на продажбата
„Ауто Трејд“ во овој период е актуелен со превземањето на брендот Honda како негов 3S дилер . Пред десетина дена официјално беше отворен Honda центарот на компанијата со голем број на поканети гости од индустријата и од медиумите. Тоа беше повод за разговор со извршниот директор на „Ауто Трејд“, Маја Стојановска.
Дефинитивно екстремно високата цена на горивата доведе до тоа се повеќе да паѓа побарувачката на бензиски и дизелските погони на мотори а да расте на хибридните и електични погони на мотори. HONDA пак е пионер во развој на мотори со хибридна технологија. Моето искуство вели дека намалување на трошоци значи намалување на квалитетот на работењето а намалениот квалитет на работење доведува до незадоволни клиенти и намалување на продажбата. Наша предност ја гледам во одличниот тим на вработени кој што го има нашата компанија Ауто Трејд дооел. Секој од нив, во својот сектор , е врвен професионалец кој што одлично си ја знае својата работа. Ова се дел од поентите од нашето интервју со Стојановска.
Продажбата на нови автомобили во Европа бележи намалување во март, деветти месец по ред, бидејќи растечките проблеми со синџирот на снабдување заради војната во Украина, продолжија силно да го погодуваат автомобилскиот сектор во регионот. Како вие ќе ја стимулирате продажбата кај клиентите ма брендот Honda?
Стојановска: Европскиот автомобилски пазар бележи пад на продажба на нови автомобили 11 месеци по ред . Кризата во производство на чипови, зголемени трошоци за суровини и логистика, конфликтот помеѓу Русија и Украина сите овие фактори допринесоа до пад од 13,7 % на продажба на нови автомобили во првата половина на 2022 год. споредбено со истиот период лани.
Оваа година е вистински предизвик за нас како компанија. Тешко можеме да зборуваме за стимулирање на продажба или пак за користење на вообичајни продажни и маркетинг активности кој што имаат за цел зголемување на продажба во услови кога се соочуваме со постојан недостаток на возила на залиха како и со серизни предизвици во процесите на испорака на нарачани возила. Ако ги земеме во предвид проекциите дека кризата со недостаток на чипови ќе потрае до крајот на оваа година па дури и во првиот квартал од 2023 год. наша основна цел е да обезбедиме соодветно ниво на залиха на Honda возила и Honda мотоцикли соодветна на моменталната побарувачка.

Во моментов имаме екстремно високи цени на горивата. Дали тоа е дестимуланс за потенцијалните купувачи на Honda? Постои ли понуда која може да ја компензира високата цена на горивата со возила кои нудат заштеди и намалување на потрошувачката по изминат километар?
Стојановска: Да , дефинитивно екстремно високата цена на горивата доведе до тоа се повеќе да паѓа побарувачката на бензиски и дизелските погони на мотори а да расте на хибридните и електични погони на мотори. HONDA пак е пионер во развој на мотори со хибридна технологија. Имено, за прв пат технологија со хибриден погон е воведена во HONDA возило и тоа во моделот Insight во 1999 год. Започнувајќи од тогаш па до денес HONDA направи значителни усовршувања на хибридната технологија и денес на пазарот во Европа се нудат исклучиво возила со хибриден погон.

Умешноста на HEV системот на Honda e тоа што нашите целосни хибриди можат да работат на on silent electric power што не е случај кај mild hybrid возилата . Пример, моделот CR-V обезбедува извонредни перформанси и реална ниска потрошувачка на гориво. Хибридот CR-V е економичен SUV , ова возило може да патува до 1.000 km пред вашето следно застанување за надополнување на горивото и постигнува емисија на CO2 од само 114 (g/km).
И останатите модели на HONDA - моделот HR-V, Jazz и новиот Civic кој што го очекуваме да пристигне во последниот квартал од оваа година се целосните хибриди возила со батерии кој што се полнат самостојно и ја црпат силата од регенеративното сопирање. Тоа значи дека нема потреба од напојување со електрична енергија, заштедувајќи ви време за полнење на батеријата и се високоекономични со ниска потрошувачка на гориво споредено со нивните конкуренти.
Имате ли таргетирана група на клиенти? Кои потенцијални купувачи ќе бидат цел на вашата продажба?
Стојановска: Не, никогаш немаме таргет група на клиенти. Пазарот на нови автомобили во Македонија е навистина мал , а клиентите се строго дефинирани и во принцип секогаш знаат што сакаат . Ние сме тука да им понудиме максимално коректни продажни цени и целосна подршка при избор на некој од нашите модели на возила, како и целосна подршка во after sales.
Дизел моторите веќе ги нема, но ги нема исто така и класичните бензинци за новиот модел на Honda Civic за европскиот пазар. Ќе се нуди само во хибридно издание. Каква е структурата на возила што ќе се нудат во иднна, според погонот?
Стојановска: Новиот модел на Honda Civic , како што веќе спомнав, доаѓа единствено со хибриден погон , како и сите останати HONDA модели за Европскиот пазар. Автомобилската индустрија е под огромен притисок да остане во чекор со постојано зголемувањето на критериумите за исполнување на стандардите за пониски емисии на гасови .
Новите регулативи веќе влијаеја на трошоците на производство на возилата и тие ќе продолжат да го прават тоа и во иднина. Времето за хибридна технологија е сега, и тие ќе станат уште попопуларни со текот на времето, бидејќи хибридните автомобили обезбедуваат драматично поголема ефикасност на потрошувачка на горивото со помали емисии на CO2 од традиционалните возила на бензин.
Едноставно, хибридите се тука и со цел да останат на долг рок.

На отворањето на продажниот салон на „Ауто Трејд“ рековте дека целта е да понудите богат избор на возила, мотоцикли и соодветна опрема, при што фокусот е насочен и кон after-sales услугите. Колку широк ќе биде „асортиманот“ на продажба? Кои модели се најпопуларни и најдостапни што може да се понудат во моментов?
Стојановска: Во моментов се достапни три модели на HONDA возила Honda CR V, Honda HR V и Honda Jazz , сите модели се со целосно хибридни бензиски мотори и се нудат со различни нивоа на опрема во согласност со потребите на пазарот. Во нашиот салон имаме и избор на модели на Honda моторцикли - CBR 1100 , NT 1100 , CMX1100 , CMX1100DCT, CMX500, CRF300L , Z125 и секако очекуваме во краток временски период овој избор да се зголеми согласно барањата на клиентите.
Како компанија која што е единствен овластен сервисер на територија на Р. Македонија за сервисирање на сите HONDA возила и моторцикли во гарантен рок максимално сме посветени на after sales услугите . Нашите сервисери се со искуство во автомобилската индустрија повеќе од 20 години. Тие ги поминаа сите обуки и се здобија со сертификати за сервисирање на HONDA возила и моторцикли и наши очекувања се да имаме целосно задоволни клиенти во нашиот сервис.
Продажниот салон нуди и опрема од реномирани производители. Претставете ни некои од најпопуларните реквизити кои би можеле да ги заинтригираат купувачите.
Стојановска: Како заокружување на нашата продажна програма , во понудата на Ауто Трејд ексклузивно се продава и опрема за моторцикли од реномираните производители NOLAN и X - Lite& Apro.
Познато е дека инпортерите во Македонија се соочуваат со големи предизвици. Како „Ауто Трејд“ планира да се носи со трошоците што се наметнати од една страна и притисокот да се опстои на пазарот?
Стојановска: Автомобилската индустрија секогаш била и е предизвик за работа во Р. Македонија. Ако се земе во предвид дека купувањето на ново возило претставува сериозна инвестиција за едно семејство во Македонија јасно е дека овој сектор реагира драматично дури и при најмали економски, безбедносни или политички промени во државата и окружувањето.
По 2020 година која што е пандемиска година и која што вообичајно ја исклучуваме од финансиски анализи , можам да кажам дека 2022 год е вистински предизвик и слободно може да се компарира со 2010 год. кога дозволениот увоз на половни возила практично го уништи пазарот на нови автомобили. За жал денес пак ние сме единствена држава во регионот каде што државата не субвенционира купување на хибридни и електрични автомобили.

Трошоците на работење се категорија за која што се вели дека секогаш има простор за корекција и намалување. Моето искуство пак вели дека намалување на трошоци значи намалување на квалитетот на работењето а намалениот квалитет на работење доведува до незадоволни клиенти и намалување на продажбата. Умешност е да се балансира меѓу трошоците и приходите на работење оваа година, но клиентите и нивните потреби остануваат врвен приоритет за нашата компанија и никако намалувањето на трошоците не смее да се одрази на квалитетот на нашите услуги.
Кои се предностите на дополнителните услуги кои им ги нудите на клиентите во однос на преостанатите конкуренти? По кои предности мислите дека ќе може да бидете препознатливи?
Стојановска: Силната конкуренција во автомобилскиот сектор доведе до тоа сите ние да ги нудиме истите услови на нашите клиенти ( попусти, модел на замена старо за нова, продажба на рати, продолжена гаранција , помош на пат и сл. ). Наша предност ја гледам во одличниот тим на вработени кој што го има нашата компанија Ауто Трејд дооел. Секој од нив, во својот сектор , е врвен професионалец кој што одлично си ја знае својата работа.
Верувам дека нашиот тим ќе успее да ги надмине сите предизвици оваа година и со заеднички вложувања ќе добиеме многу нови задоволни клиенти.
