Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гостопримството од 47 години заврши“: Иран му одговори на Трамп за Ормускиот теснец

„Гостопримството од 47 години заврши“: Иран му одговори на Трамп за Ормускиот теснец

Претседателот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент Ебрахим Азизи упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, најавувајќи дека Ормуски теснец ќе биде повторно отворен, но под нови услови.

  • Ормускиот теснец сигурно ќе биде повторно отворен, но не за вас; ќе биде отворен за оние што ќе ги почитуваат новите закони на Иран – напиша Азизи на социјалната мрежа X, пренесува BBC.

Тој додаде дека „47 години гостопримство се завршени“, алудирајќи на периодот од Исламската револуција во 1979 година.

Во меѓувреме, Одборот за национална безбедност одобрил план според кој Иран би можел да почне да наплаќа премин за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, јави агенцијата Fars.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае повеќе од еден месец, откако кон крајот на февруари беа извршени напади врз ирански воени и нуклеарни цели.

Техеран возврати со ракетни и дронски напади врз американски бази во регионот, како и цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, при што судирите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормускиот теснец – клучна точка низ која минува голем дел од светската нафта.

И покрај повремените сигнали за можни преговори, тензиите и натаму растат, а засега нема јасни индикации за брзо смирување на ситуацијата.

Индекс.хр

Слично

Поврзани вести