Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ПО ПОВИСОКИ ЦЕНИ, регулаторна со нова одлука

ГОРИВАТА ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ПО ПОВИСОКИ ЦЕНИ, регулаторна со нова одлука

Цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,18 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,374 отсто кај дизелот има зголемување за 1,445 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 1,590% и кај мазутот зголемување за 0,081 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,171 проценти - соопштуваат од РКЕ.

Со новата одлука малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,137 денари за литар. 

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.

Од 20.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95              76,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98              78,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)              81,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)            79,00 (денари/литар)

- Мазут- М-1 НС                                                        39,233 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати кои ќе важат од 00:01 часот на 20.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести