ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМАТ ЗА 9,6 ПРОЦЕНТИ: Трендафилов по објавата на статистика за зголемување на просечната плата
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов обвинува дека по објавата на Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата од 9,6 проценти, ги зголемува функционерските плати за 9,6 проценти.
„Објавата на Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата од 9,6% во 2025 година, ги зголемува функционерските плати за 9,6%, па така функционерите во следните денови:
а) Ќе ја зголемат минималната плата на 600 евра и останатите плати за најмалку 6000 денари и ќе си ја земат нивната плата зголемена за 9,6%
б) Ќе го намалат коефициентот на сложеност на функционерските плати за 9,6% само за да не ја зголемат минималната плата на 600 евра и за да не ги зголемат останатите плати за најмалку 6000 денари
в) Ќе ја сменат основицата за пресметување на функционерските плати од просечна на минимална плата и ќе ги намалат коефициентите за 40 %, а ќе ја зголемат минималната плата на 600 евра и останатите плати за најмалку 6000 денари“, објави тој.
Слично
