Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дура“ ќе гради производствен капацитет во Технолошко инудстриската зона кај Скопје

„Дура“ ќе гради производствен капацитет во Технолошко инудстриската зона кај Скопје

Изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“ ќе почне утре во Технолошко инудстриската зона кај Скопје. 

Сe работи за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

„Во последните седум-осум 16 странски инвестиции потпишаа договор за влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, којашто во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција, таа инвестиција е на инвеститорите“- рече тој. 

Најави инвестиции во велешкиот регион. 
„Мислам дека во Велес ќе има инвестиции макар една и ние интензивно работиме на тоа“ - рече Анѓушев. 
Во Велес има невработеност, но таа не е така голема, смета Анѓушев. 

Слично

Поврзани вести