Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ја победи Македонија во трката за германска инвестиција

Бугарија ја победи Македонија во трката за германска инвестиција

Бугарија ја победи Македонија во трката за германската инвестиција на Leoni, производителот на електрични системи и автомобилски кабли.

Странскиот инвеститор во Плевен ќе отвори 2.000 работни места и ќе инвестира 32 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во Бугарија во последните 10 години.

Покрај Македонија, на Бугарија за оваа инвестиција и конкурираше и Србија, како и Украина.

Бугарскиот заменик-министер за економија Александар Манолев изјави дека пресудно во трката со земјите-конкуренти било тоа што Бугарија најбрзо се прилагодила во менувањето на потребните прописи што биле поставени како услов од Leoni.

Слично

Поврзани вести